Трамп: Дел од членките на НАТО не одвојуваат доволно средства за одбраната.

„Дел од членките кои очекуваат ние да ги одбраниме не ги исполнуваат трошоците за одбраната кои изнесуваат 2% од бруто-домашниот производ.Ги прашувам дали ќе го исполнат:Во спротивно велам дека тоа не е можно.“предупреди претседателот Трамп

Трамп: Дел од членките на НАТО не одвојуваат доволно средства за одбраната.

Американскиот претседател Доналд Трамп во порака преку Твитер рече дека одредени земји членки на НАТО не ги исполнуваат очекувањата и со години не ги намируваат трошоците на Сојузот.

„Дел од членките кои очекуваат ние да ги одбраниме не ги исполнуваат трошоците за одбраната кои изнесуваат 2% од бруто-домашниот производ.Ги прашувам дали ќе го исполнат:Во спротивно велам дека тоа не е можно.“

Трамп веднаш по стапувањето на претседателската функција го постави токму тоа прашање на дневен ред и предупреди дека прашањето детално ќе се разгледува.

Трамп особено целеше кон Германија, за која рече дека треба да го надомести пропуштеното во придонесеот во одбраната на Сојузот и со тек на време да се покаже како лидер.

 Инаку лидерите на 29-те земји членки на НАТО, ќе се состанат во Брисел на 11 и 12 јули, со цел да донесат клучни одлуки со кои Алијансата ќе добие помодерна структура која во иднина ќе може на побрз начин да одговори на заканите.

Со Самитот на НАТО ќе претседава Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Ова е третпат во рамките на својот мандат, Столтенгерг да претседава со Самитот на НАТО.

Лидерите на НАТО, во мај минатата година се собраа на „Состанокот на претседатели и премиери на земји членки на НАТО“. Овој пат станува збор за редовниот Самит на лидерите на НАТО кој се одржува на секои две години. Во тие рамки, на Самитот се очекува да стане збор за тензиите меѓу САД и НАТО во последно време, особено на полето на трговијата, префрлувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим (Кудс), едностраното излегување на САД од Договорот со Иран и од Климатскиот договор, и создавањето тензична состојба по состанокот на Г7.



Слични вести