Во нападите во Латемне во Сирија на 24 и 25 март 2017 биле употребени сарин и хлор

Според извештајот на Мисијата за утврдување на фактите (ФФМ) голема е веројатноста во реализираните напади на областа Латемне во Сирија на 24 и 25 март 2017 година се користени хемиски супстанции сарин и хлор

Во нападите во Латемне во Сирија на 24 и 25 март 2017 биле употребени сарин и хлор

Потврдено е дека во реализираните напади на областа Латемне во Сирија на 24 и 25 март 2017 година се користени хемиски супстанции сарин и хлор.

Во објавеното соопштение од Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) се нагласува дека во објавениот извештај на Мисијата за утврдување на фактите (ФФМ) е потврдено дека голема е веројатноста во реализираниот напад на 24 март минатата година на областа Латемне во Сирија како хемиско оружје да е употребен нервен гас сарин.

Како што се вели во соопштението, Мисијата за утврдување на фактите (ФФМ) воедно утврди дека во реализираниот напад на 25 март 2017 година на болницата во областа Латемне веројатно како хемиско оружје е употребен отровен гас хлор.

Во соопштението се наведува дека до податоците е дојдено од извршените истражувања, тестовите и сослушаните сведоци и се додава дека собирањето на информациите и материјалите, сослушувањето на сведоците и анализата на примероците одзема долго време за да се дојде до јасен резултат.

Како што се подвлекува во соопштението извештајот бил доставен до земјите членки и до Советот за безбедност на ОН.



Слични вести