Генералното собрание на ОН ја усвои нацрт-резолуцијата за Палестина

На гласањето во Генералното собрание на ОН нацт-резлуцијата за Палестина беше прифатена со 120 гласа „за“, 8 земји се изјаснија „против“, а 45 земји беа воздржани

Генералното собрание на ОН ја усвои нацрт-резолуцијата за Палестина

Генералното Собрание на ОН ја усвои нацрт-резолуцијата со која се бара заштита на палестинскиот народ.

По интензивните иницијативи на Турција и со поддршка и на Алжир Генералното собрание на ОН одржа специјална седница на која ја разгледа нацрт-резолуцијата за Палестина.

На оваа специјална седница беше поставена на повторно разгледување нацрт-резолуцијата на која што претходно од страна на САД беше ставено вето во Советот за безбедност на ОН, по што оваа нацрт-резолуцијата беше поставена и на гласање.

На гласањето во Генералното собрание на ОН нацт-резлуцијата беше прифатена со 120 гласа „за“, 8 земји се изјаснија „против“, а 45 земји беа воздржани. 

Меѓу 8-те земји кои гласаа против нацрт-резолуцијата беа САД, Израел, Австралија, Маршаловите острови, Науру, Того, Соломонските острови и Федералните држави на Микронезија.

Предлогот на САД за измени во нацрт-резолуцијата за осудување на Хамас пак беше отфрлен.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас усвојувањето на нацрт-резолуцијата во Генералното собрание на ОН го оцени како „Победа за правдата и меѓународното право“.

Во усвоената нацрт-резолуцијата се бара извештај од генералниот секретар на ОН во кој се внесени работите кои што треба да се реализираат во рок од 60 дена за безбедноста на палестинските цивили, а исто така се бара Израел да ја сопре употребата на непропорционална сила и да ја укине блокадата кон Газа.

Во нацрт-резолуцијата воедно се укажува и на порастот на насилствата во Палестина од 30 март досега и се потцртува дека на израелското насилство се подложени и децата, здравствените работници и новинарите.

Нацрт-резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, меѓутоа со овие резолуции се презентира ставот на земјите.

Пред специјалната седница на Генералното собрание на ОН сериозно предупредување до Израел пристигна и од Организацијата за следење на човековите права.

Организацијата нагласи дека употребата на прекумерна сила од страна на Израел која доведе до гинење на демонстрантите во Газа може да претставува воено злосторство.



Слични вести