Во нападите на Асадовиот режим и Русија во Идлиб за една година загинаа 1.109 цивили

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во нападите на Асадовиот режим и Русија во областа за намалување на затегнатоста во Идлиб за една година животот го загубија вкупно 1.109 цивили од кои 255 деца и 209 жени

Во нападите на Асадовиот режим и Русија во Идлиб за една година загинаа 1.109 цивили

Во реализираните напади од страна на режимот на Бешар Асад и Русија во областа за намалување на затегнатоста во Идлиб во Сирија за една година животот го загубија 1.109 цивили.

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објави извештај во врска со нападите на Асадовиот режим и Русија врз цивилните населени места во областа за намалување на затгенатоста во Идлиб која беше прогласена во мај 2017 година.

Во извештајот на мрежата се истакнува дека во реализираните напади на режимот и Русија во областа за намалување на затегнатоста во Идлиб од мај 2017 година досега животот го загубија вкупно 1.109 цивили од кои 255 деца и 209 жени.

Во извештајот се напоменува и тоа дека сирискиот режим и иранските сили со поддршка и на Русија од воздух од септември 2017 година наваму ги засилија нападите врз цивилните населени места во областа за намалување на затегнатоста.

Во извештајот на СНХР се истакнува дека сирискиот режим и руските сили во истиот период реализираа напади врз 233 центри меѓу кои се наоѓаат и училишта, чаршии и здравствени центри. 

Се нагласува дека еден дел од нападите се извршени со оружје чија употреба е забранета и се напоменува дека се реализирани 752 напади со барел бомби, еден напад со хемиско оружје, 19 напади со касетни бомби и 16 напади со напалм бомби.

Во извештајот исто така се упатува повик до сирискиот режим и неговите поддржувачи да престанат со нападите чија цел се цивилите и на одговорните да им се суди во меѓународниот кривичен суд.



Слични вести