Израелските војници приведоа некои палестински демонстранти

8 од шехидите се под 18 годишна возраст, додека 225 од повредените се деца, а 86 се жени

Израелските војници приведоа некои палестински демонстранти

Израелските војници приведоа некои од демонстрантите кои што сакаа да одржат протест против пренесувањето на амбасадата на САД во Ерусалим како и во знак на одбележувањето на 70-та годишнина од Накба (Големата катастрофа).

Во врска со приведувањето на младите Палестинци досега не е објавено никакво соопштение.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за здравство на Палестина беше истакнато дека бројот на Палестинците кои што загинаа во протестите кои што започнаа вчера и сеуште продолжуваат се зголеми на 62, додека бројот на повредените изнесува над 2 770.

Меѓудругото во соопштението беше истакнато дека 8 од шехидите беа под 18 годишна возраст, додека 225 од повредените се деца, а 86 се жени.



Слични вести