Макрон и Путин уште еднаш ја потврдија приврзаноста кон нуклеарниот договор од 2015

На телефонскиот разговор беа разменети мислења и во врска со случувањата во Сирија

Макрон и Путин уште еднаш ја потврдија приврзаноста кон нуклеарниот договор од 2015

Францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш ја потврдија приврзаноста кон нуклеарниот договор со Иран потпишан во 2015 година.

Рускиот претседателски дворец Кремљ објави соопштение во кое истакна дека Путин оствари телефонски разговор со францускиот претседател Макрон.

На разговорот беа разменети мислења и во врска со повлекувањето на САД на 8 мај од нуклеарниот договор со Иран потпишан во 2015 година.

Според соопштението објавено од страна на Кремљ, двајцата лидери на разговорот уште еднаш ја потврдија приврзаноста кон договорот.

На средбата беа разменети мислења и во врска со случувањата во Сирија.

Од друга страна пак вршителот на должноста министер за надворешни работи на Русија Сергеј Ријабков рече дека во врска со нуклеарниот договор што ќе се потпише со Иран може да се преговара и без САД.

Според веста на руската новинска агенција Интерфакс, Ријабков одлуката на САД за повлекување од договорот во споредба со нуклеарните преговори со Северна Кореја ја оцени за премногу остра.

Договорот во врска со нуклеарната програма на Иран во 2015 година беше потпишан меѓу петте постојани земји членки на СБ на ОН (САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина) плус Германија и Техеран.

Со договорот се предвидува укинување на меѓународните санкции врз Иран за возврат на ограничувањето на производството на енергија која ќе се заснова на нуклеарна програма.



Слични вести