Генерален штрајк во Западниот Брег

Палестинската влада сооопшти дека денес нема да работат државните установи

Генерален штрајк во Западниот Брег

По повод 59-те палестински шехиди кои загинаа во вчерашните протести на границата на Газа, сите градови, општини и бегалски кампови на Западниот Брег започнаа генерален штрајк.

Утринава еснафот на подрачјето не ги отвори дуќаните и продавниците, додека Синдикатот за колективен транспорт ги суспендира сите внатрешни и надворешни патувања. Палестинската влада сооопшти дека денес нема да работат државните установи.

Во рамките на генералниот штрајк во Западниот Брег, денес нема да работат универзитетите, институтите, банките, пекарите и бензинските пумпи.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во вчерашната изјава рече дека како последица на случувањата по должината на границата на Газа прогласија тридневна жалост и дека почнувајќи од вторник ќе започнат генерален штрајк.

Во знак на протест на пренесувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим како и 70-та годишнина од Накба (Денот на катастрофата), на вчерашните протести по должината на границата на Газа од страна на израелската армија беа убиени 59 Палестинци меѓу кои и едно бебе.



Слични вести