Столтенберг денес ќе допатува во посета на Анкара

Пред посетата ,Столтенберг во седиштето на НАТО во белгискиот главен град Брисел изјави дека целта на неговата посета на Турција е подготовката за престојниот самит на НАТО во јули, во Брисел

Столтенберг денес ќе допатува во посета на Анкара

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес ќе допатува во посета на Турција.

Пред посетата, Столтенберг во седиштето на НАТО во белгискиот главен град Брисел изјави дека целта на неговата посета на Турција е подготовката за престојниот самит на НАТО во јули, во Брисел.Во Анкара за низата регионални и глобални прашања ќе разговара со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и со министерот за одбрана, Нуретин Џаникли.

Тој истакна дека Турција е значаен и клучен сојузник пред сè поради нејзината стратешка положба, и поради тоа, нагласи, дека се многу важни консултациите со турските лидери околу подготовките за самитот каде што, како што рече, ќе се разговара за повеќе значајни теми во однос на тоа како НАТО ќе се адаптира на потешка безбедносна средина.

Една од темите на разговoри на Столтенберг во Турција ќе биде и мисијата на НАТО за обука во Ирак.

„Работиме на еден план за започнување на мисија на НАТО за обука во Ирак. Во овие рамки, ќе ги обучиме ирачките војници, како и ќе изградиме воени академии и училишта. На овој начин, ќе им овозможиме на Ирачаните да ја доведат нивната земја во состојба на стабилност, и ќе им пружиме поддршка во прашањата како што е борбата против тероризмот. Ова е значајно за сите сојузници, вклучувајќи ја и Турција“, рече Столтенберг истакнувајќи дека Турција е дел од подготовките за мисијата, и дел од механизмот за донесување одлуки. Тој вели дека сè уште е рано точно да се говори каква улога ќе преземе Турција, но дека се надеваат оти Турција ќе даде придонес во обуките.



Слични вести