САД ќе воведат нови санкции против руските фирми кои му помагаат на сирискиот режим

Американската постојана претставничка во ОН Ники Халеј најави дека ќе бидат спроведени нови санкции против руските фирми кои му помагаат на режимот во Сирија да поседува и да произведува хемиско оружје

САД ќе воведат нови санкции против руските фирми кои му помагаат на сирискиот режим

Постојаната претставничка на САД во ООН Ники Халеј на програмата на американската телевизија CBS (Си-Би-Ес) одговараше на прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Ники Халеј истакна дека ќе бидат спроведени нови санкции против руските фирми кои му помагаат на режимот во Сирија да поседува и да произведува хемиско оружје.

Осврнувајќи се и на односите со Русија, Халеј рече: „На пат се санкции против Русија. Секретарот за финансии Мнучин во понеделникот (денеска) ќе ги соопшти овие санкции. Санциите ќе се спроведуваат против фирмите кои директно се поврзани со Асад и употребата на хемиско оружје.“

Американската постојана претставничка во ОН Ники Халеј во прогамата „Fox News Sunday“ пак изјави дека Русија им дава поддршка на владата на Мадуро во Венецуела, на Асад во Сирија и соработува со Иран со што работи со „погрешни актери“.

Халеј напомена дека на Русија „не и остана ниту еден пријател“ и дека наведените земји „и наштетуваат на Русија“.

 



Слични вести