Приведен поранешниот француски претседател Никола Саркози

Саркози се обвинува за земање незаконска финансиска поддршка за претседателските избори во 2007 година

Приведен поранешниот француски претседател Никола Саркози

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, е приведен во рамки на прелиминарната истрага околу тврдењата дека за време на кампањата за претседателските избори во 2007 година зел финансиска поддршка од тогашниот лидер на Либија, Гадафи.

Францускиот печат пишува дека поранешниот претседател Никола Саркози во текот на претседателската кампања во 2007 година земал незаконска финансиска поддршка и дека се обвинива за корупција.

Слични тврдења се слушаа и порано за Саркози,така што се тврдеше на пример дека наместо 22 милиони евра, прикажал сметка од 55 милиони евра како трошок за добровилни прилози.

 



Слични вести