Во Африн се виори турското знаме

„Во центарот на Африн веќе не се виорат симболите на терористичките организации, туку симболите на мирот и безбедноста

Во Африн се виори турското знаме

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека Турските вооружени сили и Слободната сириска војска, вчера наутро во 8.30 часот по локално време, во целост ја презеле контролата врз центарот на градот Африн. 

Ердоган, во рамките на одбележувањето на 103-годишнината од поморската битка и победата во Чанакале, изјави дека повеќето од терористите избегале со „свиткан опаш“.

„Во центарот на Африн веќе не се виорат симболите на терористичките организации, туку симболите на мирот и безбедноста. Во моментов, таму се виори турското знаме и знамето на Слободната сириска војска“, рече Ердоган.

Освен на членовите на ТСК и на ССА, Ердоган му се заблагодари и на турскиот народ, кој од самиот почеток ја поддржа акцијата „Маслиново гранче“, која започна на 20 јануари, но исто така му се заблагодари и на народот во Сирија.



Слични вести