Паднал американски воен хеликоптер во западните предели на Ирак

Пентагон соопшти дека во хеликоптерот се наоѓале 7 американски војници и дека деталите околу несреќата ќе бидат набрзо објавени.

Паднал американски воен хеликоптер во западните предели на Ирак

Командата на Меѓународната коалиција против ДЕАШ соопшти дека воен хеликоптер кој што превезувал американски војници паднал во западните предели на Ирак. 

Во соопштението се подвлекува следното:

„Во западните предели на Ирак падна американски воен хеликоптер кој превезувал американски војници.“

Во соопштението не се наведуваат детали за причината на несреќата, само се вели дека спасувачките екипи биле на терен .

Во меѓувреме Пентагон соопшти дека во хеликоптерот се наоѓале 7 американски војници и дека деталите околу несреќата ќе бидат набрзо објавени.

 

 



Слични вести