Египетскиот воен суд го осуди Јусуф ел-Карадави на доживотен затвор

Јусуф ел-Карадави инаку е познат исламски научник и претседател на Здружението на светските муслимански научници

Египетскиот воен суд го осуди Јусуф ел-Карадави на доживотен затвор

Египетскиот воен суд осуди 17 лица на доживотен затвор, меѓу кои и познатиот исламски научник и претседател на Здружението на светските муслимански научници Јусуф ел-Карадави.

Пресудата на Ел-Карадави, како и уште шест лица, беше донесена во отсуство бидејќи не присуствуваа на судењето.

Египетскиот воен суд, исто така осуди осум лица на смртни казни, од кои четворица беа отсутни, поради наводна вмешаност во насилните настани во 2015 година.

Се наведува дека во спомнатите насилни настани спаѓа и убиството на полицаец во Каиро.

Ел-Карадави е обвинет за „поттикнување убиство", „ширење лажни вести" и „уништување на јавна сопственост".

Судот издаде ослободителна пресуда за 26 лица во истиот предмет, вклучувајќи и четири високорангирани членови на забранетото Муслиманско братство.

 

 



Слични вести