САД ја суспендира помошта на Палестина

Спомнатата финансиска помош сепак не е потполно укината

САД ја суспендира помошта на Палестина

Стејт Департментот соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) ја суспендираа финансиската помош на Палестина во вредност од 65 милиони долари.

Американските власти бараат од Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA), која располага со финансиски средства, да преземе темелни промени.

Гласноговорничката Хедер Науерт на дневната конференција за медиуми рече дека САД од предвидените 125 милиони долари за помош на Палестина суспендираше 65 милиони.

Науерт напомена дека спомнатата финансиска помош сепак не е потполно укината.

„САД очекува да бидат направени одредени измени", рече Науерт.

Хедер Науерт исто така нагласи дека се суспендирани 65 милиони долари, додавајќи дека преостанатите 60 милони ќе бидат испратени на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA), за да сепак не остане без парични средства.

„Оваа одлука не е поврзана со гласањето во ОН за одлуката на администрацијата на Доналд Трамп со која Ерусалим е прогласен за главен град на Израел“ рече Науерт.



Слични вести