30 терористи биле неутрализирани во топовскиот огран на подрачјето околу Африн во Сирија

Турските вооружени сили истрелаа неколку топовски истрели кои паднаа во околината на Африн погодувајќи цели на терористи.

30 терористи биле неутрализирани во топовскиот огран на подрачјето околу Африн во Сирија

30 терористи биле неутрализирани во топовскиот огран на подрачјето околу Африн во Сирија.

Турските вооружени сили во предвечерието на воената операција на Африн град во Сирија под контрола на терористите на ПЈД/ЈПГ инаку воено крило на терористичката организација ПКК во Сирија, истрелаа неколку топовски истрели кои паднаа во околината на Африн погодувајќи цели на терористи.

Во нападот беа сравнети со земја неколку цели на терористите на ЈПГ/ПЈД.

Паниката меѓу терористите беше забележана на нивните разговори преку безжичните телефони.

Во меѓувреме Слободната сириска армија која ќе учествува во копнената офанзива на Африн скоро да ги заврши сите подготовки.

Околу 20 000 борци на Слободната сириска армија се во очекување на наредбата за офанзива на Африн.

 



Слични вести