Севернокорејскиот лидер ја доби оваа рунда

Поседува нуклеарна боева глава која располага со капацитет од 13 илјади км

Севернокорејскиот лидер ја доби оваа рунда

Рускиот претседател Владимир Путин во врска со кризата во Севернокорејскиот полуостров рече дека рундата ја доби севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

На средбата со претставниците на рускиот печат и новински агенции, Путин одговараше на прашањата на новинарите во врска со ситуацијата на Севернокорејскиот полуостров и рече:

„Секако дека оваа рунда ја доби севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун. Тој го реши својот стратешки проблем. Поседува нуклеарна боева глава која располага со капацитет од 13 илјади км. Со ракетите што ги поседува може да ги погоди сите точки на непријателските територии.“

„Ким се насочи кон омекнување и смирување на актуелната ситуација“ рече Путин и потенцираше дека „Претседателот Ким навистина е многу паметен и зрел политичар“.



Слични вести