Земјотрес од 5,1 степени го погоди Иран

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во Хуџидек на длабочина од 10 километри во внатрешноста на земјината кора

Земјотрес од 5,1 степени го погоди Иран

Земјотрес од 5,1 степени бил забележан во градот Хуџидек денеска во 06.48 часот според локално време во покраината Керман во југоистокот на Иран.

Веста ја соопшти Сеизмолошкиот центар при универзитетот во Техеран.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во Хуџидек на длабочина од 10 километри во внатрешноста на земјината кора.

Земјотресот не предизвикал човечки загуби или поголема материјална штета.

 

 



Слични вести