Анализа 51-2017

Тероризмот, државата и правото

Анализа 51-2017

Поимот „држава“ од периодот на Платон до денес накратко е дефиниран со следните зборови:

„Државата е правно лице која се состои од народи или група народи кои политички се поврзани за територијалниот суверенитет на земјата во која живеат“.

Гледано од политички аспект, организираноста е во рамките на одредени правила и начела. Со текот на времето овие начела повторно се форматираа во закони и право.

Западњаците, процесот на трансформацијата на законите во право го започнаа во 1215 година со потпишувањето на Повелбата за  Магна карта.

Муслиманските заедници трансформацијата на начелата во закони ја започнаа со Договорот во Медина или како што инаку е познат овој документ Мединска повелба.

Оваа повелба е составена лично од страна на самиот божји пратеник Хазрети Мухамед во 623-та година, по хиџрата од Мека во Медина кога заедно со неговите следбеници пребегнуваат од зулумите на Меќани. Оваа повелба е најсеопфатен документ за човековите права кој беше составен до тој ден меѓу Хазрети Мухамед и муслиманите, евреите и паганите.

Иако главната идеја на повелбата беше да се земат под гаранција индивидуалните и колективни права и слободи на луѓето, целта беше да се окончаат долгогодишните судири меѓу двете племенски заедници (Евс и Харзец). Повелбата на слободите од Медина истовремено претставува прв детален документ на човечкото наследство кој се однесува на соединувањето на расфрлените племенски заедници под еден кров наречен уммет и споделување посебни одговорности на сите заедници.

Повелбата од Медина која предложува подигање на свеста за оформување уммет, општествена солидарност, политичко единство, заедничка одбрана и конфедеративна структра претставува историски, политички и правен договор.

Борбата за живот на луѓето од исток и запад во суштина претставува утопија за праведен свет против владеењето на сите владетели, дикатори и тирани. Развојот на државната власт, подигањето и ширењето на свеста за народ како и поимот правда и стекнување на истите со универзална вредност ја оформија основата за формирање на меѓународното право. Скоро сите држави во сите периоди ветуваа и даваа гаранции дека ќе се придржуваат кон правилата и начелата на меѓународно право.

Уништувањето што го предизвикаа Првата и Втората светска војна предизвикаа луѓето да се обединат околу една нова правна рамка на прописи и регулативи. Како последица на недостиг на меѓународната правна рамка и установа која што ќе ја брани истата, човештвото беше принудено да даде милиони жтрви и над сто милиони повредени во двете светски војни. Оваа неопходност резултираше со формирање на меѓународната Организација на обеденитетите нации на 25 октомври 1945 во Сан Франциско. Во организацијата која беше формирана со цел да се зачува светскиот мир, безбедноста како и да се воспостави економска, општествена и културна соработка меѓу народите, се зачленија скоро сите земји кои беа изложени на тешките последици на двете светски војни.

Организацијата на обединетите нации обезбеди сериозен придонес за човештвото особено по периодот на Студената војна. Но за жал, од 1960-те години наваму, Организацијата не можеше да ги одбрани меѓународните права не само поедниците туку и државите. Меѓународните организации и институции кои беа формирани по Втората светска војна особено со Договорот во Јалта и другите, денес многу повеќе претставуваат товар за човештвото отколку што имаат придонес. Особено големите и економски силни држави, овие институции и организации ги употребуваат како еден вид стап против малите држави.

На пример, САД под изговор дека Ирак наводно поседува нуклеарно оружје, ја окупираше оваа земја. Во американската окупација на Ирак загинаа над еден милион луѓе, а десетици милиони станаа бегалци. На крајот на окупацијата, САД беше принудена да признае дека Ирак не поседува нуклеарно оружје. Денес ниту една меѓународна организација во светот не се осмелува да ги обвини и осуди САД.

Сите американски претседатели во последниот квартал на изминатиот век започнаа војни и судири во Авганистан, Палестина, Сирија и другите земји кои беа причина за смртта на милиони невини луѓе. Но ниту еден американски претседател не беше изнесен пред Меѓународниот суд за правда и не му беше судено.

На ист начин и Израел од 1960-та година наваму не признава ниту една резолуција на ОН. Од денот кога беше формирана оваа држава па се до денес, продолжува со окупацијата на териториите на соседите па дури и последните територии на Палестина кои преостанаа.

Суштината и сето она што треба да се направи во врска со овој вид случаи во меѓународното право се јасни. Законите се многу јасни и во меѓународното право постои еден генерален принцип: Териториите не можат да се одземат со војна. Но Израел уште од самиот ден на формирањето окупира територии со војна. На пример, Израел Голанската Висорманина во 1966 година ја окупираше со сила. Според меѓународното право Израел окупираните територии требаше веднаш да ги врати. Но за жал покрај неофицијалната поддршка на голем број западни земји и отворената поддршка на САД, не излегува од окупираните територии и нема намера да излезе по законски пат.

Израел во рамките  на меѓународните правни начела треба да седне на преговарачката маса со Палестина со која земја е во судири и чии територии ги има окупирано. Израел наместо да седне на преговарачката маса со Палестина, го негира постоењето на оваа земја и нејзиниот народ. Дури тоа го прави на јавно и отворено на бината на ОН и меѓународни платформи.

Впрочем Израел не се откажува од спроведување „државен тероризам“ како што претседателот Ердоган ја оцени официјалната политика на оваа земја.

Денес САД и другите велесили и центри на моќ, самите го уриваат меѓународнот правен поредок што го формираа во минатото.

Што е постравотно, кога САД и Израел ќе бараат правда и универзално право во светот заборавајќи дека нивните досегашни политики се базираат на стекнување со поголема сила предизвикувајќи хаос и зулуми, тогаш нема кој да им ги чуе гласот.



Слични вести