Трамп:Време е Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел

Трамп на конфедренција за печатот во Белата Куќа изјави дека веќе ѝ наредил на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД во Ерусалим.

Трамп:Време е Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел.

Трамп на конфедренција за печатот во Белата Куќа изјави дека веќе ѝ наредил на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД во Ерусалим.

Трамп упати критики на своите претходници за кои што рече дека и покрај тоа што ги дале истите ветувања не ги исполниле.Тој подвлече дека Ерусалим е срцето на трите световни религии и на демократијата. Ѕидот на плачот им припаѓа на Евреите, Месџиди Акса на муслиманите, а црквите на христијаните.Мојата одлука нема да резултира со промени во постојните проблеми меѓу Израел и Палестина,додаде Трамп.

На крајот, тој подвлече дека САД продолжуваат да ја поддржуваат идејата за дводржавно решение. „САД и понатаму продолжува да го поддржува дводржавното решение за Израел и Палестина", рече американскиот претседател.

Тој нагласи дека САД сé уште не донеле никаква одлука во врска со границите за кои Израел и Палестина не се согласуваат.

 

 



Слични вести