Ердоган,Путин, Рохани: Да се сочува територијалниот интегритет на Сирија

Претседателите на Турција, Русија и Иран од трилатералниот состанок во Сочи порачаа да се зачува територијалниот интегритет на Сирија.

Ердоган,Путин, Рохани: Да се сочува територијалниот интегритет на Сирија

 Претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се состанаа во Сочи на трилатералниот самит за Сирија, а најсилна порака која земјите гарантори ја пратија е зачувување на територијалниот интегритет на Сирија.

Земјите гарантори во заедничко соопштение, објавено по самитот, порачаа дека ќе продолжат да делуваат координирано со цел намалување на насилството во Сирија којашто е погодена со војна, а потврдена е и силна посветеност на суверенитетот, независноста и единството на таа земја.

„Челниците на државите уште еднаш ја потврдија силната посветеност на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија. Исто така, нагласено е дека било каква политичка иницијатива со цел намалување на тензиите, воспоставување на неконфликтни зони и решавање на сириската војна не смее да му нанесе штета на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија", се наведува во заедничкото соопштение.

Лидерите на Турција, Русија и Иран нагласија дека е потребно да се преземат мерки за да се интензивираат напорите за да се постигне политичко решение во Сирија.

Предложени се мерки како брзо, сигурно и непрекидно доставување на хуманитарната помош, ослободување на затворениците и утврдување на идентитетот на исчезнатите лица.

Усогласена е поддршка на Конгресот на националниот дијалог со кој е предвиден и состанок на претставниците на режимот на Асад и опозицијата.

Претседателот Ердоган порача дека приоритет на Турција се политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија и дека терористичките елементи, кои претставуваат закана за национална безбедност за Турција, треба да бидат исклучени од целиот процес.

Ердоган нагласи дека Турција нема да се согласи да биде дел од разговорите за политичко решение кои ги предлага група која, како што рече, се обидува да ја подели Сирија, алудирајќи на ПКК/ПЈД.



Слични вести