Претседателите на Турција, Русија и на Иран денес на мини самит во Сочи

Состанокот меѓу Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани во Сочи се одржува со цел да се разгледа направениот напредок во мировните преговори во Астана

Претседателите на Турција, Русија и на Иран денес на мини самит во Сочи

 Претседателите на Турција, Русија и на Иран денес во Сочи одржуваат состанок на кој главна тема се судирите во Сирија.

Состанокот меѓу Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани во Сочи се одржува со цел да се разгледа направениот напредок во мировните преговори во Астана како и промените во зоните без судири во Сирија.

Турскиот претседател Ердоган истакна дека трилатералната средба на лидерите на Турција, Иран и на Русија е мошне значајна, во поглед на спречување на крвопролевањето во Сирија.

„Целиот свет е сведок дека изградбата на заедничка работна атмосфера на Турција, Русија и Иран даде резултати во врска со сириското прашање“, изјави Ердоган и изрази уверување дека лидерите денес ќе донесат многу важни одлуки во врска со Сирија.



Слични вести