Турција испрати помош за подрачјето во Ирак погодено од земјотресот

Турција веднаш по земјотресот  испрати 4.000 шатори, 7.000 ќебиња и шлепер со храна во подрачјето погодено од земјотресот

Турција испрати помош за подрачјето во Ирак погодено од земјотресот

Премиерот Бинали Јилдирим преку писмено соопштение истакна дека Турција со сите свои сили ќе му пружи помош и поддршка на народот на Ирак кој претрпе големи штети од земјотресот.

Јилдирим во писменото соопштение истакнува дека Турција и турскиот народ сочувствуваат со маките на народот на соседен Ирак после земјотресот кој ја погоди оваа земја.

Вицепремиерот на владата на Турција и владин портпарол, Бекир Боздаг информираше дека Турција веднаш по земјотресот  испрати 4.000 шатори, 7.000 ќебиња и шлепер со храна во подрачјето погодено од земјотресот.

Од прес центарот на владата на Турција се вели дека  земјотресот кој го погоди Ирак во 19:18 часот по средноевропско време со интензитет од 7,2 степени, не предизвикал материјални и човечки загуби во Турција.

По земјотресот турската Црвена полумесечина од магацините во пограничните подрачја започна да подготвува помош за Ирак.



Слични вести