Членките на НАТО се договорија за формирање на Центар за сајбер операции

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека членките на Алијансата го поддржуваат формирањето на силна и агилна командна структура на НАТО

Членките на НАТО се договорија за формирање на Центар за сајбер операции

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека членките на НАТО се договориле за формирање на Центар за сајбер операции.

По првиот ден од седницата на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Столтенберг на прес-конференција изјави дека членките на Алијансата го поддржуваат формирањето на силна и агилна командна структура на НАТО, и дека ќе се формираат две нови команди.

Една ќе биде одговорна за подобрување на транспортот на воени единици во Европа, а втората за заштита на поморските врски помеѓу Европа и Северна Америка.

Столтенберг додаде дека НАТО треба да ги преземе неопходните мерки за зголемување на сајбер безбедноста и истакна дека во врска со тоа е договорено сајберот, покрај воздушниот, копнениот и поморскиот, да стане посебна воена област.

Тој, исто така додаде дека сојузниците на НАТО одлучија да ги обединат своите национални способности во областа на сајбер-одбраната.

На крајот, Столтенберг подвлече дека министрите за одбрана на Турција, Франција и Италија потпишаа писмо со намери да се подобри соработката со цел да се развијат системи за воздушна одбрана.

Инаку во Брисел започна дводневната седница на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, што е исто така подготвителен состанок за самитот на НАТО што ќе се одржи идната година, исто така во Брисел.

Министрите на земјите членки на НАТО во Брисел, воедно ќе разговараат за актуелната криза поврзана со нуклеарната закана на Северна Кореја, ситуацијата во Авганистан и борбата против терористичките организации.

 

 



Слични вести