Трамп во посета на Кина

Tрамп освен билатерални односи ќе учествува и на некои свечени манифестации.

Трамп во посета на Кина
(ВИДЕО) Трамп во посета на Кина
(ВИДЕО) Трамп во посета на Кина

Трамп во посета на Кина

Во рамките на 13 дневната турнеја по Азија, американскиот претседател Доналд Трамп, по посетата на Јапонија и Јужна Кореја  отпатува за Кина.

Во рамките на дводневната посета на Кина, Трамп освен билатерални односи ќе учествува и на некои свечени манифестации.

Претседателот Трамп заедно со сопругата Мелани Трамп и домаќините, кинескиот претседател Кси Џинггпинг и сопругата Ли Пингјуен го посетија Забранетиот град на плоштадот Тиенанмен во Пекинг.

Во меѓувреме, претседателот Трамп на кинескиот лидер Кси преку таблетата му даде да ја слушне песната која внуката Арабела ја испеа на кинески јазик.

Кинескиот претседател Кси упати пофални зборови за кинескиот на внучката Арабела и рече дека во Кина се стекна со слава на мала ѕвезда.

 Се надевам дека ќе има можност да дојде во Кина, рече кси.

Веднаш потоа Трамп, заедно со сопругата, кинескиот претседател Кси и неговата сопруга ја проследија музичката и танчерска изведба на младите оперски ученици во традиционална облека.



Слични вести