Махмуд Абас во изненадна посета на Ријад

Претседателот на палестинската држава Махмуд Абас оствари неочекувана посета на Саудиска Арабија.

Махмуд Абас во изненадна посета на Ријад

Претседателот на палестинската држава Махмуд Абас оствари неочекувана посета на Саудиска Арабија.

Како што соопшти палестинската новинска агенција ВАФА  претседателот Абас и бил пречекан од кралот Селам бин Абдулазиз.

Во разговорот станало збор за актуелни билатерални и регионални прашања со посебен акцент на палестинското прашање.

Претседателот Абас го информира кралот Селман за американските иницијативи за разрешување на палестинското прашање како и за напорите за обединување на палестинските фракции.

Абас воедно му се заблагодари на кралот Селман за поддршката на палестинската држава во меѓународни рамки.

По средбата со високиот гостин од Палестина кралот Селман приреди свечена вечера во чест на претседателот Махмуд  Абас и неговата делегација.

 



Слични вести