7 лица го загубиле животот во невреме во Германија

Ветерот кој што дува со јачина од 180 километри на час искорнал дрвја и покриви од куќите.

7 лица го загубиле животот во невреме во Германија

7 лица го загубиле животот во Хамбург и во Берлин во силното невреме што ја зафати Германија.

Ветерот кој што дува со јачина од 180 километри на час искорнал дрвја и покриви од куќите.

Во Хамбург настрадале двајца кога ветрот искорнал дрвја кои паднале над возилата во моментот кога возачите се наоѓале внатре во возилата.

5 лица загинале во Брандербург и во Берлин.

Исто така силниот ветер предизвикал неколку сообраќајни несреќи во кои имало загинати и голем број повредени лица.

Градските власти ги предупредиле граѓаните без поголема потреба да не излегуваат од домовите.

Авионите полетуваат и слетуваат со закаснување во главниот град Берлин.

Застои се забележуваат и во градскиот превоз.

Одредени железнички линии се во целосен прекин.

Патниците од брзиот боз на релација Амстердам-Берлин биле симнати од возот и привремено сместени во една спортска сала.

Се очекува силниот ветер да биде почувствуван и во Полска бидејќи се движи кон тој правец.

 

 



Слични вести