Тилерсон:Никогаш не помислив да ја напуштам функцијата

Рекс Тилерсон изјави дека шпекулациите за негова наводна оставка кои што деновиве кружат низ американските медијуми се сосема неточни

Тилерсон:Никогаш не помислив да ја напуштам функцијата

Државниот секретар за надворешни работи на САД Рекс Тилерсон изјави дека шпекулациите за негова наводна оставка кои што деновиве кружат низ американските медијуми се сосема неточни и дека тој и понатаму се наоѓа на својата функција.

Тилерсон по тој повод приреди конференција за медијумите во Белата Куќа и рече: Мојата прврзаност кон претседателот е многу силна. Заменикот претседател никогаш не ме убедуваше да останам на функцијата,бидејќи јас никогаш не помислив да ја напуштам.

За претседателот Тамп,Тилерсон рече дека е интелигентен човек кој ја сака својата татковина и американскиот народ.  Тој сака да види резултат од секоја своја работа.Трамп додаде дека не се точни шпекулациите за тоа дека наводно неговите односи со претседателот Трамп се влошени.

 

 



Слични вести