Блискиот исток низ призмата на Турција 39/2017

Светот е поголем од 5’те: Потреба од реформирање на ОН

Блискиот исток низ призмата на Турција 39/2017

Повелбата на ОН јасно и недвосмислено покажува дека цели на основањето на Обединетите нации се спречување на појава на војни, зачувување на мирот, преземање низа активности во правец на решавање на политички, психолошки, општествени, економски и културни прашања и проблеми кои и се закануваат на меѓународната безбедност.Овие основни цели и принципи на ОН се појавија како потреба после Втората светска војна и разурнувањата како и милионите човечки животи кои таа ги предизвика. Како што е познато Обединетите нации се состојат од 6 главни органи и тоа:  Генерално заседание, Совет за безбедност, Економски и социјален совет, Меѓународен суд за правда, Генерален секретаријат и Совет на доверители.

Генералното заседание на Организацијата на ОН заседава еднаш годишно во зградата на ОН во Њујорк. На дневен ред на генералното заседание се поставуваат актуелни горливи прашања кои во тој даден момент го засегаат светот, светскиот мир и поредок. Овие годишни состаноци или самити како што популарно се познати им пружаат можност на светските лидери за меѓусебни средби и разговори. Светската јавност со големо внимание ги следи говорите на претседателите на државите или на владите на овие годишни седници на генералното заседание на ОН.

Денес во разните органи и тела на ООН се вработени и активно ангажирани околу 40 000 лица. Организацијата располага со годишен буџет од околу 40 милијарди долари, на располагање има воена сила од околу 100 000 војници и офицери од различен ранг, кои ги ангажира во мировни мисии по целиот свет, секаде онаму каде што има конфликти и судири. Како што пред малку рековме освен главната мисија на ОН ,зачувување на мирот во светот, организацијата од почетоците на своето основање т.е. од 1950’ тата година досега реализира низа мировни мисии по целиот свет, така да спречи појава или ширење на започнати конфликти и воени судири.

Со завршувањето на ерата на поделба на светот на блокови,т.е. на периодот на студената војна, мировната мисија на ООН како се зголеми уште повеќе. И тоа многу повеќе во последните 25 години.

И покрај тоа што ООН од нејзиното основање беше сведок на низа контликти, таа успеа да одигра голема улога на планот на остварување на меѓународната соработка и нејзиното институционализирање. Со основањето на ООН ,меѓународните организации се претворија во незаменливи актери на меѓународната сцена. Паралелно со постоењето на ОН дојде до универзализација на соработката и организираноста на меѓународно ниво. Во исто време после основањето на ООН во 1945 година, глобалната политика и принципите на меѓународната соработка во годините кои потоа следуваа се преуредија во облик и терк на победниците на Втората светска војна. Токму заради ова ОН никогаш не беа организација која може да ги прекине судирите, а се додека не доживее одредени реформи нема ниту да биде.

Основната функцина на ОН е со мали средства и на лесен начин да ги реши глобалните проблеми, а заради постигнување на тоа под итно треба да се преземат одредени чекори. 5’те постојани членки на советот за безбедност на ООН треба да престанат Советот да го гледаат само како платформа за зачувување на нивниот авторитет и интересите ,во спротивно ќе дојде до ограничување како на фунционалноста на ОН ,така и на глобалниот мир и безбедноста. Сепак и покрај сите слабости и недоволности ОН и денес се меѓународна организација со најголем легитимитет ,права и надлежности. За да може ООН на ист начин и уште поефикасно да делува и во следниот период неминовно треба да претрпи одредени измени кои ќе бидат во духот на ново преме и светот кој што постојано се менува.

Промените би требало да бидат во духот на обезбедување пристап до органите и телата на организацијата и на оние држави кои што не се западни и да одговори на барањата на новите светски динамики. Силите во подем како што се Германија, Индија, Јапонија, Бразил, Турција и другите моментално можат да бидат само привремени членки на советот за безбедност во времетраење од само 2 години и без право на вето.Тоа е сосема неправедно и за да се надмине оваа неправда што поскоро би требало овие земји во подем постојано да бидат претставени во Советот за безбедност на ООН. Исто како што често знае да истакнува претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган дека Светот е поголем од петте.

Автор др.Џемил Догач Ипек, предавач на катедрата за меѓународни односи на универзитетот Ататурк.



Слични вести