Земјите членки на НАТО треба да употребуваат воени системи кои се адаптабилни со системите на НАТО

Ракетите С-400 не одговараат на стандардите на НАТО

Земјите членки на НАТО треба да употребуваат воени системи кои се адаптабилни со системите на НАТО

Портпаролот на американското министерство за надворешни работи Хедер Науерт во врска со преговорите меѓу Турција и Русија околу ракетно-одбранбениот систем С-400 рече дека е многу значајно земјите членки на НАТО да употребуваат воени системи кои се адаптабилни со системите на НАТО.

На секојдневната прес конференција портпаролот Науерт на едно прашање во врска со ракетно-добранбениот систем С-400 меѓу Турција и Русија направи проценка на ситуацијата.

Науерт ече дека големо значење има земјите членки на НАТО да употребуваат воени системи кои се адаптабилни со системите на НАТО. Системот на Русија, како што се говори во Турција дека ќе ги откупи ракетите С-400 не одговараат на стандардите на НАТО и оваа состојба ќе предизвика загриженост.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на враќање од Самитот на Организацијата за исламска конференција што се одржа во Казахстан, во изјавата за новинарите во авионот рече:

Никој нема право да дискутира во врска со начелата за независност или одлуката за независноста во врска со одбранбената индустрија или одбраната на Република Турција. Турција самата ја донесува одлуката за својата независност. Што се ќе биде потребно за преземање на потребните безбедносни мерки и санкции за одбраната на земјата, ние сме должни тоа да го направиме, потенцираше претседателот Ердоган.



Слични вести