Турција претставува клучен партнер на Европа во една стратегиски значајна зона

Европскиот комесар задолжен за проширувањето Јоханес Хан рече дека Турција претставува клучен партнер на Европа во една стратегиски значајна зона.

Турција претставува клучен партнер на Европа во една стратегиски значајна зона

Европскиот комесар задолжен за проширувањето Јоханес Хан рече дека Турција претставува клучен партнер на Европа во една стратегиски значајна зона.

„Ние сме партнери, малку тешко партнерство но соработуваме во неколку битни прашања“ истакна Хан.

На пленарна седница на Европскиот парламент во Страсбург, Франција, се поведе дискусија за односите меѓу Унијата и Турција, потоа за пристапните преговори и за иднината на односите меѓу двете страни.

Говорејќи на отворањето на седницата Европскиот комесар задолжен за проширувањето Јоханес Хан рече дека и двете страни отворено изјавуваат дека не се задоволни од досегашниот развој и дека на последната средба со соговорниците од Турција сосема јасно и отворено им беше укажано на потребата од преокренување на постојниот тек на контактите.

Хан додаде: Турција е земја со клучна улога во едно стратегиско важно подрачје. Ние сме партнери  кои како да помалку тешко се разбираат но и покрај тоа соработуваме во неколку битни прашања. Она што е добро е што сме отворени едни кон други, искрени сме, знаеме да се критикуваме,па дури понекогаш и да водиме доста остри дијалози.

Вклучувајќи се во дискусијата Кети Пири известувачот на ЕУ за Турција  рече: Ќе биде голема грешка ако на турсиот народ му се отстрани целта за вклучување во Европската унија. Не треба да се дозволи популистичките политики и непријателството кон странците да ги земат под монопол овие дискусии.

Францускиот парламентарец Едуар Феран инаку од групата за меѓународна политика и слободи,упати критика на односите на европските политичари. Тој рече : До пред еден век за Турција велевме дека е „болниот човек на Европа“ а сега мислам дека  самата Европа е болниот човек.Турција е голема земја, турскиот народ голем народ и заслужува многу повеќе од она што и се предлага. Дозволивте само да се губи време иако крајот на овој процес им е познат на сите.

 

 



Слични вести