Трамп и принцот на ОАЕ за можните решенија за заливската криза

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Трамп и принцот укажале на важноста на соработката меѓу американските сојузници во регионот како и за прекин на финансирање на терористичките групи.

Трамп и принцот на ОАЕ за можните решенија за заливската криза

Претседателот на САД, Доналд Трамп и принцот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед бин Султан Ал-Нахјан телефонски разговараа за можните решенија за кризата во Заливот.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Трамп и принцот укажале на важноста на соработката меѓу американските сојузници во регионот како и за прекин на финансирање на терористичките групи.

Исто така, укажано е дека сите земји треба да вложат повеќе напори за тероризмот да биде победен.

Трамп минатиот викенд разговараше за кризата во Заливот и со кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз и катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани.



Слични вести