10 000 евакуирани поради поплавите во Нигерија

Поплавите предизвикале силни штети на земјоделските површини, во фармите и врз стоката.

10 000 евакуирани поради поплавите во Нигерија

Најмалку 10 000 лица биле приморани да ги напуштат своите домови поради силните поплави предизвикани од поројни дождови во провинцијата Коги во западноафриканската држава Нигерија.

Гувернерот на Коги, Јахаја Бело изјавил дека 7 подрачја како што се Локоја, Ибаги, Игаламела, Одолу, Ајаокута, Коги и Баса биле погодени од силни поплави. Поплавите предизвикале силни штети на земјоделските површини, во фармите и врз стоката.

Министерката за еколина и природни ресурси Роузмери Осикоја пак изјавила дека властите на Коги веднаш ги презеле потребните мерки но дека тие не биле доволни. Провинцијата Коги има потреба од итна хуманитарна помош,подвлекла Осикоја.



Слични вести