Русија го потпиша договорот за испорака на ракетно одбранбениот систем С-400 на Турција

Ракетно одбранбениот систем С-400 е многу комплициран систем кој што содржи низа технички средства

Русија го потпиша договорот за испорака на ракетно одбранбениот систем С-400 на Турција

Владимир Којин советниот на рускиот претседател Владимир Путин за воено техничка соработка рече дека Русија го потпиша договорот за испорака на ракетно одбранбениот систем С-400 на Турција и дека ќе почне имплементацијата на договорот.

Во изјавата за рускиот печат Којин рече: договорот е потпишан, се подготвуваме да ги оствариме дредбите на истиот. Како што ви е познато, ракетно одбранбениот систем С-400 е многу комплициран систем кој што содржи низа технички средства. Затоа постојат низа детали.

Согласно постигнатиот договор, можам а гарантирам дека сите одлуки се согласуваат со нашите стратешки интереси. Гледано од тој аспект можеме да го разбереме притисокот што го вршат некои западните земји врз Турција.

Од друга страна пак за ракетите С-400 кои се сметаат за најразвиени воздушно одбранбени системи постои голем ред за испорака. Низа земји од југозападна Азија и Блискиот Исток исто така чекаат да купат ракети од типот С-400.

Ракетно одбранбениот систем С-400 е многу скап систем. Тоа не е систем кој што може да го купи кој што сака. Договорите кои што досега се постигнати покажуваат дека компанијата која ги произведува системите го исполни капацитетот, рече Којин.



Слични вести