Актуелно 35-2017

Воената треска

Актуелно 35-2017

Од последните месеци на власта на американскиот претседател Барак Обама кога сојузничките сили на во Северна Европа, Балканот и земјите кои излегуваат на Црноморското крајбрежје ги претворија во складишта за оружје, постојано посочуваме на воената треска која постепено настапува.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој беше свесен за оваа опасност не дозволи и Турција да се претвори во складиште за оружје.

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на Ердал Шимшек академик и истражувач на отсекот за историја при универзитетот Јилдирим Бејазит кој вели:

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој на 8 јули 2016 година учествуваше Самитот на шефови и претседатели на државите земји членки на НАТО што се одржа во Варшава го одби предлогот во Турција да се формира нова база на НАТО. Секако дека за тоа имаше оправдани причини. По овој стратешки потфат на претседателот Ердоган, Русија веднаш ја оконча политичката и дипломатска криза со Турција.

Рускиот претседател Владимир Путин поволно возврати на раката на мирот што ја пружи претседателот Ердоган. Во писмото кое Путин му го испрати на Ердоган се истакнува дека суштинската причина за кризата со авионот се други сили. Русија многу брзо почна да ги обновува економските, политичките и стратешки односи со Турција кои ги имаше прекинато.

Безусловниот одговор на рускиот претседател Путин на мировниот предлог на претседател Ердоган ги поттикна мрачните сили. Еден терорист член на меѓународната терористичка организација ФЕТО го уби рускиот амбасадор во Анкара Карлов и тоа пред камерите.

Но Путин и руската државна бирократија не наседнаа на оваа провокација и ја дешифрираа валканата игра на мрачните сили. Покрај крвавата провокација, турско-руските односи кои се во развој продолжуваат да се развиваат со ист интензитет.

Откако не успеа планот за вовлекување на Турција и турско црноморско крајбрежје во складиште за муниција, наеднаш во поголем број земји од Азицскиот Пацифик до Индискиот океан почнаа кризи.

Имено наеднаш дури на Филипините се појави терористичката организација ДЕАШ, исто така и во Аракан и Араканскиот теснец кој важеше за симбол на спокојството и мирот започнаа терористички акции.

Дојде и до загревање на односите во Кинеското и јапонското море. Голем број земји почна да ги прекршуваат територијалните води на другите земји. Во текот на овој процес на кризи, дојде и до социолошки промени и трансформации. Постепено почна да кулминира желбата за војување.

Исто така почнаа да се објавуваат информации дека работниците, поранешните членови на партијата и војниците во Северна Кореја која земја беше изнесена како пример за заканите, почнаа да се пријавуваат за доброволци во армијата. Пропагандните извори на Пјонгјанг објавуваа информации дека сто илјадници лица излегле на улиците во знак на протест против острите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп. Околу 3,5 милиони граѓани се пријавиле како доброволци да ги земат своите редови во армијата.

Оваа треска во Северна Кроеја се одрази и врз Јужна Кореја. Јужнокорејците кои сметаат дека се наоѓаат под голем ризик, почнаа да складираат храна и да градат нови засолништа. Корејците како последица на заканата од евентуална војна исто така се насочија кон складирање на злато поради што дојде до голема раздвиженост на пазарот на злато. За големата потрошувачка на злато во Јужна Кореја која се зголеми дури за пет пати пишуваа весниците на оваа земја.

Граѓаните на островот Гуам кој се наоѓа под американската контрола во Пацификот исто така почнаа да складираат храна наспроти заканата на Северна Кореја дека ќе ги нападнат во август.

Народот во Јапонија исто така почна да гради засолништа наспроти можноста за евентуален ракетен напад од Северна Кореја,. Инаку ракетите од Северна Кореја во Јапонија пристигнуваат за само 10 минути. Фактот дека јапонските фирми и компании не можат навремено да одговорат на зголемената побарувачка за изградба на засолништа се најде во медиумите на оваа земја. Исто така владеат и сериозни бранувања во  САД. По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е спремно оружјето на САД, советникот за национална одбрана Мек Мастер истакна дека САД е спремен за превентивна војна наспроти нуклеарните закани

на Северна Кореја.

Денес зборот нуклеарна закана како да не делува доверливо во светот. Бидејќи американската влада исто така при окупацијата на Ирак го изнесуваше тврдењето дека постои можност Ирак да изврши нуклеарни напади поради што во 1991 година изврши агресија на оваа земја. Откако во војната во Ирак загинаа 1 милион луѓе, САД овојпат соопшти дека во Ирак не постоела нуклеарна закана.

Обидите на САД и Запад за маргинализирање како и отвореното поттикнување на кривичното дело злосторство од омраза, почна обратно да се рефлектира. Екстремниот национализам во Западна Европа како и белиот расизам во САД се искачува на ниво на закана за целиот свет.

И ситуацијата во Русија е иста. Како резултат на закана до евентуална војна, руската армија прогласи алармантна состојба поради што сто илјадници војници во Украина како и на границите со Кина и Јапонија чекаат во готовс позиција. Во единиците кои се наоѓаат на границите со земјите на Далечниот Исток почна да се спроведува фаза на висока воена подготвеност. Руската армија соопшти дека се спремни и чекаат на готовс во случај некоја ракета која ќе биде исфрлена од Северна Кореја по грешка да не падне на нивните територии.

Цехот на сета оваа социолошка и воена раздвиженост чини десетици милијарди долари. Доколку овие средства се потрошеа за надминување на тешкотиите со глад и воспоставување мир, светот навистина ќе беше многу поубаво место за живеење. На тој начин немаше да се пролее ниту една капка крв ниту солзи. Но за жал воената треска која го зафати светот по се изгледа дека ќе предизвика мултинационални воени фронтови. Единствената надеж ни е и останатите светски лидери да следат мировни политики како што тоа го прават претседателите Ердоган и Ши Џинпинг.



Слични вести