Актуелно 36/2017

Новата генерација на теророт користи друг вид на терористи. Тие не се како досегашните прототипови на терористи од стилот на еден Рамбо, туку напротив физички неугледни, страсни пушачи, алкохоличари и наркомани.

Актуелно 36/2017

Хашашите или Ассасин како што на Западот се повеќе познати се најстарата терористичка организација во светот.Тие се прочуја како терористичка организација која изведува индивидуални терористички акции.

Хашашите ги изведуваа своите терористички напади само со користење на ножеви бидејќи во тоа време биле забранети сабји, стрели и слично оружје.

Оваа организација формирана од Хасан Сабах а против Селџучката империја, со текот на времето се претвора во  банда на изнајмени убијци. Голем број центри на моќта на чело со витезите крстоносци ги користеле услугите на оваа терористичка организација.

Со текот на времето оваа терористичка организација еволуира и го достигнува денешниот степен на делување.

Тероризмот понекогаш изведува индивидуални а понекогаш самоубиствени акции. Тероризмот е најсилното оружје на центрите на моќта почнувајќи од Европа па се до Азија и другите делови на светот.

Од окупацијата на Ирак во 1991 година па се до денес се појавија неколку терористички организации во нашиот регион. Овие организации се бореа против силите на коалицијата која ја сметаа за свој непријател на Блискиот исток. Со текот на времето овие терористички организации се поделија меѓу себе, се појавија нови внатрешни фракции и се дојде до ситуација да новите станаа многу пострашни од старите.

Колку суверените сили и државите ги зголемуваа мерките против тероризмот, терористичките организации се подновуваа , се засилуваа и стануваа уште подеструктивни.

Не треба да се заборави дека мноштвото од членовите на терористичките организации на чело со ДЕАШ имаат пасоши на западните држави, како САД и Канада.

Социолозите и социопсихолозите како и теолозите би требало да посветат посериозно внимание на ова прашање. Треба да го дадат одговорот на прашањето како еден граѓанин на Франција, Германија или на една Норвешка кој ги уживал сите благодети во своите земји напушта се и купувајќи билет во еден правец оди во прегратка на една машина за убивање. Очигледно дека мерките кои што Западот ги презема против тероризмот се недоволни. Взалудни остануваат сите технолошки можности, бидејќи терористите преку новата генерација на теророт ги оставија сите досега познати видови на оружје и сега основните човекови потреби ги користат како аргумент и логистика на тероризмот. Безбедносните ѕидови од стотици милијарди долари се сосема неефикасни пред новата генерација на теророт. Физичките и електронските ѕидови стануваат потенки од хартија за терористите.

Новата генерација на теророт користи друг вид на терористи. Тие не се како досегашните прототипови на терористи од стилот на еден Рамбо, туку напротив физички неугледни, страсни пушачи и алкохоличари и наркомани.

Дури и оружјето кое што го користат е поинакво, како што имавме можност да видиме во нападот во Барцелона. Оваа нова генерација на терористи кои оперираат по улиците можат да изведат многу поефтини акции од досегашните кои беа покомплицирани и испланирани до детали.

Новата генерација терористи не користи само класично огнено оружје, туку моторни возила. Но она што е загрижувачко во сето тоа е што светските влади како да не се доволно ефикасни во спречувањето на овие нови терористички напади. Тие дури и не соработуваат за откривање и израчување на уапсените терористи. На пример на Турција не и се испорачуваат терористтите барани дури и од страна на Интерпол. Тие дури и не се апсат во земјите каде што слобоно се движат.

 Или на пример не си разменуваат било какви информации за терористи на ДЕАШ. Ова неразумно однесување им оди во прилог само на самите терористи, кои можат слободно без пречки да изведуваат терористички активности низ цела Европа.

Автор Ердал Шимшек



Слични вести