Блискиот Исток низ призмата на Турција  34-2017

Блиската иднина со Сирија и Ирак по ДЕАШ

Блискиот Исток низ призмата на Турција  34-2017

Терористичката организација ДЕАШ продолжува да губи територии во Сирија и Ирак. Меѓународната заедница почна да дискутира што ќе се случи со регионот по ДЕАШ. Во денешната програма ќе ги анализираме можните кризи во регионот по ДЕАШ вели авторот на програмава асистент и истражувач д-р Џемил Догач Ипек од отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Операцијата која започна од страна на Меѓународната коалиција и Ирачките сили на 17 октомври 2016 година против ДЕАШ заврши на 9 јули 2017 година. Сега почна воена операција за ослободување на Тал Афар од ДЕАШ. На другата страна актерите кои што сакаат да го зголемат своето политичко и административно влијание во Ирак по ДЕАШ, исто така се ангажираат за зајакнување на својата позиција. Затоа позицијата која што ќе ја заземат шиитите, сунитите, Курдите и Туркменците во Ирак ќе влијае врз иднината на оваа земја. Од друга страна пак во Сирија поголемиот број од надворешните сили по бројните преговори одлучуваат за тоа кои области ќе го преземат под своја контрола. Затоа иднината на Сирија ќе биде определена од страна на надворешните регионални и меѓународни сили.

Последната операција против ДЕАШ во Ирак во голема мера ги зајакнаа позициите на ирачките шиити и Курди во оваа земја. Од друга страна пак силите на режимот во Сирија постигнаа голем  напредок. Имено силите на режимот напредуваат кон териториите кои беа под контрола на ДЕАШ. Мировниот процес во Астана во голема мера допринесе да напредуваат силите на режимот во Сирија. По преговорите кои беа одржани во Астана под гаранторството на Турција, Русија и Иран, беше потпишан договор за примирје во одредени региони кои се под контрола на опозиционите групи. Силите на режимот како резултат на примирјето со опозиционите групи и со поддршка на Русија и Иран успеаја да ги насочат своите единици во регионот кој се наоѓа под контрола на ДЕАШ.

Зајакнувањето на позициите во Ирак од страна на Курдите и шиитите негативно се одразува врз сунитите и Туркменците. Сунитите се најголемата жртва во Ирак по ДЕАШ кој претежно владееше со териториите на кои претежно живееја сунити. Од друга страна пак Туркменците станаа најлесна мета во Ирак во сите региони во кои живеат. Бидејќи борбата против ДЕАШ претежно се води во областите во кои живеат Туркменците, тие се наоѓаат во центарот на сите судири. По ДЕАШ се очекува голема борба за превласт во регионот во кои живеат Туркменците како што се Тал Афар, Тузхурмату, Киркук, Џелевле и сл.

Едно од местата во кое во последно време траат судирите во Сирија е Идлиб. Од почетокот на процесот на мировните преговори во Астана почна и напнатоста во Идлиб помеѓу опозиционите групи. Напнатоста помеѓу Слободната сириска армија и групата која се стационира околу Ал Нусра и кој процес од Астана го сметаат за предавство, прерасна во судири. Една од целите на преговорите во Астана беше одвојувањето на умерените од радикалните групи.

По изјавите на високите турски државни функционери дека постои можност Турција може да испрати воени сили во Идлиб, приврзаниците на Ал Нусра овие изјави ги оценија како закана поради што ја презедоа контролата над подрачјето околу Идлиб кое се наоѓаше под контрола на групата Ахрар Шам. Како резултат на овие случувања Идлиб стана место потпадна под контрола на Ал Нусра. Новонастанатата ситуација им одговара на сите инволвирани страни во Сирија освен на Турција. Доколку Турција не интервенира може да дојде до надворешна интервенција на одредени сили. Доколку пак дојде до надворешна интервенција, тогаш може да дојде до нов бран на бегалци кон Сирија од регионот во кој живеат околу 2.5 милиони лица. Постои опасност приврзаниците на радикалните групи да се инфилтрираат меѓу овие лица. Најголем ризик претставува стационирањето на странските сили на границата со Турција. Затоа Турција што поскоро треба да го реши проблемот околу претставувањето на идлиб како регион под контрола на Ал Нусра.

Борбата против ДЕАШ спротивно од очекувањата уште повеќе предизвика и ги забрза судирите меѓу страните во Ирак и Сирија. Иако постоењето на ДЕАШ и натаму претставува најзначаен фактор на судирите, се до воспоставувањето на новиот поредок и рамнотежа во регионот ќе дојде до нови судири во различни области во региони меѓу различни етнички заедници. Доколку не се воспостави нова етничка и секташка рамнотежа, може да дојде и до нови судири со пошироки размери кои никој не ќе може да ги контролира.

Тоа беше коментарот на авторот на програмава асистент и истражувач д-р Џемил Догач Ипек од отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.



Слични вести