Актуелно 34-2017

Отисокот од прстот на убиецот

Актуелно 34-2017

Неколку месеци пред да му заврши мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама, на северот на Европа и западниот дел на Балканот се случија интересни политички и воени кризи.

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на Ердал Шимшек професор на отсекот за историја при универзитетот Јилдирим Бејазит.

Ненадејно руските борбени или извиднички авиони почнаа да го прекршуваат воздушниот простор на Северноевропските земји членки на НАТО. По овие информации, САД и НАТО упатија остри дипломатски пораки. Одреден период потоа САД соопшти дека ќе испрати оружје на Европа. Во период кога се дискутираше оваа тема, меѓународните новински агенции објавија информации дека руските авиони го прекршија воздушниот простор на источноевропските и балканските земји како и земјите членки на ЕУ и НАТО. Како последица на искуството од минатото кога некои слични информаци беа манипулирани, некои агенции имаа сомнителен приод кон овие информации. Турската официјална новинска агенција Анадолија која важи за една од најдоверливите, истите информации детално им ги пренесе на своите читатели.

По информациите кои беа објавени од страна на Агенцијата Анадолија ние новинарите реализиравме низа отворени дискусии во врска со тоа дека Балканот повторно ќе стане складиште за оружје и муниција, како и во врска со војната и меѓународните односи. На карјот на овие дискусии беше оформена заедничка идеја дека Балканот и Источна Европа повторно ќе се претворат во складишта за оружје.

Просечното 25 годишно новинарско искуство во сферата на војната и меѓународните односи за жал ги оправда нашите тези. САД стационираше илјадници тони оружје, муниција и воена опрема во источноевропските земји.

Веднаш по стационирањето оружје од страна на САД, почнаа да се објавуваат информации дека руските авиони го прекршувале воздушниот простор на Франција и Обединетото Кралство.

Велика Британија остро реагираше на овој настан и веднаш на поморските и воздушните сили им издаде наредба за преземање превентивни мерки. Британските воздушни и поморски сили со месеци чекаат во алармантна состојба за заштита на територијалните води и воздушниот простор.

Во период кога светот се справуваше со овие случувања, почнаа да пристигнуваат информации дека американските воени бродови ги прекршуваат територијалните води на Кина, кинеските воени бродови ги прекршуваат територијалните води на Јапонија, јапонските воени бродови ги прекршуваат територијалните води на Кина и Русија. Наведените земји софистицираните воени бродови опремени со најразвиени и современи оружја ги испратија во Кинеското море, Јапонското море и Пацификот. Русите со цел да ги земат под заштита границите на територијалните води со Кинезите и Јапонците презедоа низа превентивни мерки.

Во истиот период, руските борбени авиони се обидоа да го прекршат воздушниот простор на Турција и сите црноморски земји со кои граничи Русија. Големо внимание привлече фактот дека сите земји чии граници ги прекршуваше Русија се земји членки на НАТО и сојузнички земји на САД.

Наспроти овие напади на Русите во Црното море, САД презеде превенции со кои уште повеќе ја зголеми воената моќ во Црното море. НАТО предложи формирање база на териториите на Турција против Русија. Фала му на господ што лидерот на Турција Реџеп Тајип Ердоган го одби овој луциден предлог бидејќи и Турција ќе беше дел од лудата игра.

По овие случувања Северна Кореја почна да врши тестови на ракети по кој настан САД почна да стационира воена опрема во Црното море.

Во продолжение на сиве овие случувања дојде до загревање на ситуацијата во Филипините, Араканскиот теснец, индиско-пакистанските судири и Индискиот океан. Армиите на земјите во регионот прогласија црвен аларм.

Цехот на алармантните ситуации е многу скап. Трошоците на непрекинатата алармантна ситуација нанесуваат тежок товар на буџетите на земјите.

Додека светот ги доживува сиве овие случувања, наеднаш се присетив на ситуацијата пред распаѓањето на Варшавскиот пакт чиј сведок бев и самиот, вели авторот Ердал Шимшек.

Исто така се потсетив на бесмислениот проект „Војна на ѕвездите“ на тогашниот американски претседател Роналд Реган и рускиот претседател Леонид Брежњев.

Во тој период владееше вишок на вработеност. Имено тоа беше период кога технологијата беше доста развиена и владееше намалување во побаруваката за работна сила. Се формираа нови капитални центри.

Иако работничките синдикати и организации се спротивставуваа на овие промени и трансформации, за жал не можеа да најдат решение на трансформацијата на која беа принудени.

Брановите на штрајкови кои започнаа во САД и Британија, двете најсилни држави на Запад, исто така почнаа и во Полска, критичната земја на комунистичкиот блок.

Штрајкот што го зпаочна претседателот на синдикатот „Солидарност“ Лех Валеса во Полска и поразот на Русија во Авганистан предизвикаа да се распадне комунистичкиот режим.

Тогашната британска прмеиерка Маргарет Тачер која беше позната под прекарот „Челичната дама“ и американскиот претседател Реган со поддршка на армијата го скршија отпорот на штрајковите и беа успешни.

На тој начин беше укинат моделот на производство од 1947 година и се премина кон нов метод во кој преовладуваше технологијата.

Денес акумулацијата на капиталот во светот се искачи на многу високо ниво. Наспроти капиталот на Јапонија, Америка и Европа се акумулира капиталот на Кина, Русија, Кореја па дури и Турција. Денешните пазарни услови и закони не се доволни да одговорат на производствениот метод на акумулираниот капитал.

Капиталот кој го обнови начинот на производство и споделување, како да не претвори во актери на повторниот дизајн на светот.

Бидејќи особено американската и економијата на земјите членки на Европската унија банкротираа. Јавниот долг на САД изнесува околу 20 трилиони. Погоелмиот број од земјите членки на ЕУ освен Германија банкротираа или се наоѓаат на прагот на банкрот. Наспроти тоа пак капиталот на овие земји е посилен од самите држави.

Се надеваме и посакуваме транзицијата на новиот начин на производство и потрошувачка да помине без крвопролевање. Бидејќи отисокот од прстот на убиецот на виделина излезе пред самиот настан.

Тоа беше коментарот на коментарот на Ердал Шимшек професор на отсекот за историја при универзитетот Јилдирим Бејазит.



Слични вести