Блискиот Исток низ призмата на Турција 33-2017

Вториот период на Рохани во Иран

Блискиот Исток низ призмата на Турција 33-2017

Хасан Рохани на претседателските избори во Иран што се одржаа на 19 мај 2017 година повторно беше избран за претседател. Неодамна го оформи и новиот кабинет. Во текот на денешнава емисија ќе говориме за вториот период на Рохани во Иран вели авторот Џемил Догач Ипек асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Од 2013 година наваму Хасан Рохани кој беше претседател на Иран, на изборите на 19 мај беше реизбран. На изборите во Иран учествуваа 73 насто од 56 милиони гласачи. Рохани на изборите освои 57,3 насто од важечките гласови, додека кандидатот на конзервативците Ибрахим Реиси освои 38 насто. Рохани на овие избори го зголеми бројот на гласовите во споредба со претходните за 7 насто. Со овие резултати, Рохани го продолжува подемот на реформистичко-умерената коалиција, додека конзервативното крило продолжува да слабее.

За време на кампањата кандидатите претежно се задржаа на економијата. Реиси водеше премногу популистичка кампања од аспект на економските ветувања. Резултатите од изборите покажаа дека економските ветувања не се единствениот определувачки фактор во изборот на гласачите и дека бараат порепресивни барања.

Во рамките на изборната кампања во 2013 година Рохани им даде ветувања за реформи на припадниците на етничките и верски заедници, младите, медиумите, интелектуалците, сиромашните, средната и високата класа. Но без претходни коренити реформи во актуелниот систем на Иран не е можно остварување на сите овие реформи.

Изминатите денови Рохани го објави составот на новиот кабинет. Голем број реформисти кои го подржуваа Рохани побараа во новата власт да се најдат и жени. Но за жал по објавувањето на листата беше утврдено дека нема ниту една жена во новата влада. Неповолниот одговор на ова барање се оценува како еден вид отстапка на конзервативците. Меѓудругото, како што може да се види во новиот кабинет на Рохани нема ниту еден Турчин. Неможноста за претставување и застапување на Турците во Иран чиј број е прилично голем, е неповолен настан како од аспект на политичкиот плурализам така и од аспект на Турците во Иран.

Според првите проценки кои беа направени од страна на реформистичкото крило во врска со новиот кабинет, Рохани при изборот на новиот кабинет бил принуден да потклекне на притисоците на центрите на моќ како што се Советот на експерти на Иран, Револуционерната гарда и  правосудството кои се приврзани кон Советот. Како што може да се види, Рохани во вториот период на владеење не сака да има проблеми со Советот на експерти. На тој начин Рохани и новата влада сакаат да се фокусираат кон економијата и другите приоритетни цели. Сеуште не е јасно колку Рохани ќе успее во остварувањето на овие цели. Од друга страна пак Рохани најверојатно ќе започне еден нов период со крилото на реформистите кои бараат поголеми реформи особено во сферата на слободите.

Со потпишувањето на нуклеарниот договор во 2015 година сеуште не се укинаа санкциите врз Иран. Односите со САД не се нормализираа на бараното ниво и покрај желбата на владата. Исто така не се воспоставија политичко-економски односи со ЕУ на нивото кое се бараше. Со големо нетрпение се очекуваат чекорите што ќе ги преземе новата влада во сферата на надворешната политика, особено ако се земе во предвид фактот дека Блискоисточната криза се повеќе се продлабочува. Оваа состојба истовремено претставува тема на дискусии и во земјата. Рохани истакна дека надворешната политика во новиот период треба да се препушти на иницијатива на владата. Но по се изгледа дека ќе биде тешко намирувањето на ова барање. Впрочем согласно уставот на Иран, овластувањето за генералните политики на земјата припаѓа на Советот на експерти. Претседателот во својство на челник на извршната власт се обврзува да ги исполнува политиките кои се определуваат од страна на Советот на експерти. Затоа надворешната политика на Иран уште отсега ќе биде сфера на жестоки дискусии во новиот период. Владата преговорите во врска со нуклеарното досие ги оствари благодарение на одобрението со кое се стекна од страна на Советот на експерти. Затоа денес владата не е конечната инстанца која ќе ја донесе одлуката во врска со Блискоисточната криза.



Слични вести