Северна Кореја определи датум за напад на островот Гуам во Пацификот

Северна Кореја соопшти дека се подготвува за напад на островот Гуам во западниот дел на Тихиот Океан

Северна Кореја определи датум за напад на островот Гуам во Пацификот

Северна Кореја соопшти дека се подготвува за напад на островот Гуам во западниот дел на Тихиот Океан, каде што се наоѓаат воени бази на Соединетите Американски Држави .

Според веста на официјалната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА, администрацијата на Пјонгјанг се подготвува за напад на Гуам со 4 балистички проектил „Hwasong-12“ со средно долг дострел кон средината на овој месец.

Командантот на корејската армија генерал Ким Рак Гром за Трамп рекол: “Нема шанси за дијалог со овој човек кој што е далеку од логично размислување“.

Претставник на Министерството за одбрана на Јужна Кореја истакнал дека два борбени авиона на САД од типот „B-1B Lancer“ заедно со авионите на Јужна Кореја реализирале летови за обука над Корејскиот Полуостров.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно ја повика Северна Кореја да не ѝ се заканува на неговата земја.

„Северна Кореја, за свое добро, не треба повеќе да им се заканува на САД. Ќе се соочат со оган и бес какви што светот не видел досега“, додаде Трамп.

Инаку островот Гуам во Пацификот се наоѓа на 3400 км оддалеченост од Северна Кореја. Во Гуам е смастена американската воена база Андерсон. Базата Андерсон се користи за дотур на гориво за бомбардерите Б-1.

 



Слични вести