Грција ќе прифати одреден број на бегалци од Германија

Грчкиот министер за миграции Јоанис Музалас изјави дека Атина ќе прими одреден број бегалци вратени назад од Германија.

Грција ќе прифати одреден број на бегалци од Германија

Грчкиот министер за миграции Јоанис Музалас изјави дека Атина ќе прими одреден број бегалци вратени назад од Германија.

„Бројот ќе биде мал. Ќе прифатиме неколку стотици лица во идните месеци“, изјави Музалас на приватен грчки телевизиски канал.

Германија одлучи да го запре ваквото враќање на мигрантите во Грција во 2011 година, во светлината на преоптоварениот систем за азил во земјата.

Според Даблинската конвенција од 1990 година, бегалците треба да аплицираат за азил во првата земја од ЕУ во којашто пристигнуваат.

Музалас рече дека ова ќе биде симболичен потег, гест на добра волја за земјите што прифатија десетици илјади бегалци од Грција и тврдеа дека тоа не е повторна примена на Даблинската конвенција.

Исто така, министерот Музалас рече дека имале тешка задача да интегрираат приближно 50.000 бегалци кои бараат азил во Грција.

Десетици илјади бегалци остануваат заглавени во Грција, откако минатиот февруари балканските земји ги затворија границите за преминување на бегалците.



Слични вести