Блискиот исток низ призмата на Турција 29-2017

Која е причината за алергичноста на ОЕА кон Турција?

Блискиот исток низ призмата на Турција 29-2017

Деновиве се повеќе почна да се обелоденува напнатоста меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Турција. Во рамките на денешната емисија ќе говориме токму за напнатоста меѓу овие две држави и одразот врз регионот вели авторот Џемил Догач Ипек асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при универзитетот Ататурк.

Гледано од аспект на нафтените резерви во светот Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) важат за шеста најбогата земја. На источната страна на земјата која се простира на западниот дел на Арапскиот полуостров се наоѓа Оман, на југот Саудиска Арабија. На западната страна на ОАЕ се наоѓа Катар, додека на северната Иран со која земја има морска граница. ОАЕ беа формирани во 1971 година со обединувањето на 7-те емирати Абу Даби, Дубаи, Шарјах, Фујаирах, Ум ал-Кувејн и Ајман. ОАЕ се федерација составени од наведените 7 емирати. 90 насто од териториите и нафтеното производство на ОАЕ се наоѓаат во рамките на емиратот Абу Даби. Вториот најголем  емират е Дубаи. ОАЕ на дневниот ред на светската јавност се појавија со ембаргото што почна да се спроведува против Катар.

Не е тајна дека подолг временски период меѓу ОАЕ и Турција владеат одредени недоразбирања. По тој повод пред извесен период министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу престојуваше во посета на ОАЕ. На средбите се роди надеж дека постои можност за надминување на недоразбирањата. Но за жал не се случи очекуваното. Се до воениот преврат во Египет, ОАЕ за Турција претставуваше добар трговски политички партнер. Но по воениот удар во Египет, почнаа да се менуваат работите.

Во рамките на воениот преврат во 2013 година во Египет, Турција, Катар и ОАЕ кои беа вклучени во Арапскиот блок преферираа различни центри на моќ. Турција и Катар го поддржаа демократски избраниот Мурси, додека останатите на Сиси му пружија материјална и духовна поддршка.

Турција и Катар во Египет се обидоа да го заштитат правото на избраната влада. ОАЕ и сојузничките земји на Сиси му ја пружија потребната економска поддршка. На тој начин ОАЕ со неочекувани политички маневри се вмеша во политичкиот живот на Египет. Додека се случуваа овие работи исто така Саудиска Арабија и останатите Заливски земји му пружија поддршка на Египет.

ОАЕ на Турција сметаат како на еден вид пречка во обидот за обликување на регионот. Инаку голем број земји од Балканот до Сомалија се во конкуренција со Турција. Економската сила во Сомалија ја користат за формирање политички платформи против Турција, а не за изградба на Сомалија како што тоа го прави Турција. Последната иницијатива на ОАЕ со воведување ембарго против Катар уште еднаш покажа дека се насочија против Турција особено турската база во Доха. До пред одреден период во меѓународните медиуми беа објавени информации дека ОАЕ дури ги финансирале приврзаниците на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТо кои на 15 јули се обидоа да извршат воен преврат во Турција. Ова прашање во последно време се почесто го зазема своето место на дневниот ред на турските медиуми.

Факт е дека меѓу земјите во Персискиот залив и особено на Арапскиот полуостров владее проблемот со шиитската популација и нуклеарната безбедност предизвикана од Иран. Желбата на Иран за унапредување на односите со Турција и Катар ја зголемува загриженоста. Од друга страна пак Катар како посебен проблем претставува пречка за Заливските земји, бидејќи е во поголема соработка со Иран и Турција. Исто така го поддржува движењето Муслимански браќа во Египет. Сите овие случувања ја зголемуваат загриженоста на Саудиска Арабија и ОАЕ. Според ОАЕ, Катар и Турција заедно се раководат во однос на овие случувања.

Алергичоста на ОАЕ кон Турција треба да се разгледа и од аспект на односите со Иран. Во ОАЕ владее големо незадоволство против Иран и сите земји кои што соработуваат со оваа земја. Затоа во ОАЕ се чувствува атмосферата дека пријателот на мојот непријател е мој непријател. Меѓудругото формирањето турска база во Катар е само една од причините која уште повеќе ја зголемува загриженоста на ОАЕ. Колку ќе потрае овој став на ОАЕ ќе покаже времето и случувањата. Затоа без претходно да се спречи оваа агресивност на ОАЕ, тешко ќе може да се воспостави мир на Блискиот Исток. Сите актери во регионот вклучувајќи ја и Саудиска Арабија се изложени на неповолното влијание на агресивноста на ОАЕ. Затоа ОАЕ проблемот треба да го реши на разумен и целисходен начин заедно со Блискоисточните земји.

Алергичноста на ОАЕ кон Турција во основа се заснова на горенаведените причини. Но исто така не треба да се заборави дека покрај се, одговорот на прашањето може да го дадат ОАЕ. Затоа повторно да го поставиме прашањето: „Која е причината за алергичноста на ОАЕ против Турција?“ вели авторот на Џемил Догач Ипек асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при универзитетот Ататурк.



Слични вести