Тероризмот е насекаде

Како што често пати вели претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган виорот на тероризмот се чувствува секаде по Европа

Тероризмот е насекаде

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган секогаш ги критикуваше западните престолнини за поддршката на терористичките организации на чело со ПКК и ФЕТО. Претседателот Ердоган беше многу изнанервиран уште на почетокот на борбата против терористичката организација ДЕАШ кога одредени западно европски држави љубоморно ги чуваа своите разузнавачки информации и не ги спречуваа своите државјани во нивното приклучување кон оваа терористика организација. Уште во тие денови претседателот Ердоган ги предупредуваше велејќи им дека ќе дојде ден кога тероризмот и нив ќе ги удри.

За жал овие држави за кои што подоцна се претпостави дека поголемиот дел од терористите на ДЕАШ ги имаат нивните пасоши, ги затвараа своите уши на предупредувањата кои што пристигнуваа од сојузникот Турција. Турција се бори против ДЕАШ како на сопствен терен така и во Ирак и во Сирија,така да даде големи жртви во оваа борба.

За жал Турција долго време беше оставена самата да се бори против тероризмот. Како да тоа не беше доволно таа беше соочена со обвинувањата дека постапува пасивно спрема терористичката организација ДЕАШ и тоа од страна на своите западни сојузници, кои беа дезинформирани од страна на помеката верија на ДЕАШ, а тоа беше терористичката организација ФЕТО. Повремено се појавуваа написи во странските медијуми за тоа дека Турција и дава поддршка на оваа терористичка организација.

Западните новинари, кога ги потпишуваа овие свои срамни извештаи, ДЕАШ ги бомбардираше населените места во Турција. Дали авторите на овие лажни вести кои што се подготвуваа користејки информации од терористичката организација ФЕТО, чувствуваа тага и жалеа  кога слушаа информации за тоа дека терористичката организација ДЕАШ убива цивили во Турција? Турците изразуваа жалење и тагуваа кога слушаа за терористички напади во Лондон, Париз или Брисел во кои гинеа невини цивили. Ние како новинари во Турција ги осудувавме овие напади. Се прашуваме колку е бројот на новинарите Германци, Холанѓани, Белгијци или Французи кои тагуваа кога слушаа вести за терористички напади на ДЕАШ ,ПКК или ФЕТО во Турција во кои гинеа стотици цивили? Дали ги осудуваа или ги критикуваа извршителите на овие грозни напади на цивилите? За жал нивниот број беше сосема мал.

Навистина е интересно што десетици западни новинари беа забележани или во камповите на терористичката организација ПКК, или во резиденцијата на челникот на терористичката организација ФЕТО или пак во нивните бироа за врски во западните држави. За жал овие констатации не се однесуваат само на западните новинари. Сведоци сме на тоа да голем дел од западните политичари со симпатии гледаат на овие терористички организации па дури и заштитнички се однесуваат кон нив.

Овие политичари се ракуваат и со претставниците на турските власти и со овие терористи. Се прашуваме дали навистина им е сеедно што после оваа нивна политика на дволичност слушаат и гледаат по медијумите како овие терористички организации убиваат турски цивили, војници и полицајци?

Да ја земеме Германија за пример. Канцеларката на Германија госпоѓа Меркел секогаш кога ќе биде притеснета во ќоше доаѓа во Турција и ја бара поддршката на турскиот лидер Ердоган. Истата таа канцеларка Меркел, под свој патронат ја држи терористичката организација ПКК која убива цивили, војници и полицајци во Турција.Таа иста Меркел не му дозволува на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да се состане со Турците во Германија. Но во исто време им дозволува на шефовите на ПКК да одржат состаноци, митинзи и да пропагираат во било кој град во Германија.

На пример само пред неколку дена на митингот во Хамбург за време на одржувањето на самитот на Г-20 беше доволено да се истакна постер на Абдулах Оџалан човекот кој нареди да се убијат десетици цивили, жени и деца во Турција и човекот кој е водач на најголемата терористичка организација на векот.

Дури и германската разузнавачка служба објави дека во оваа земја се слеани десетици милиони евра на име помош за ПКК.

Германија ја отвори својата прегратка за офицерите пучисти на ФЕТО кои на 15 јули 2016 година го изведоа обидот за воен удар во Турција. Тие уживаат во конфорен живот во Германија.

Но денес Германија го женее тоа што го имаше посадено.

Терористите на ПКК и на ФЕТО под изговор дека протестираат против Г-20, Хамбург градот каде што се одржа самитот го претворија во пекол. Терористичката организација АнтиФа ,која делува заедно со ДЕАШ и со ПКК во Сирија, изврши вистински терор во Хамбург.

Како што често пати вели претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган виорот на тероризмот се чувствува секаде по Европа. Со големо интересирање чекаме да видиме како европската полиција ќе се справи со овие терористи. Терористите како насекаде и во Европа ќе убиваат невини цивили и ќе наштетат на имоти. За жал терористичките организации како што се АнтиФа, ПКК, ФЕТО и ДЕАШ се претоврија во вистина и за Европа. Се плашиме дека цивилите во Европа скапо ќе ја платат цената на егото и амбициите на одредени европски политичари кои се претворија во робови на своето его и амбиции. Најжалното во сето тоа е фактот што овие цивили исто како и ние овдека во Турција ќе мораат да живеат со тероризмот.



Слични вести