Муслимани, цел на терористички напад во Лондон

Десет муслимани од кои 3 потешко биле повредени кога возило влетало покрај пешаци на тротоарот покрај џамија во Финсбури Парк во северниот дел на Лондон

Муслимани, цел на терористички напад во Лондон

Муслимани цели на терористички напад во Лондон

Десет муслимани од кои 3 потешко биле повредени кога возило влетало покрај пешаци на тротоарот покрај џамија во Финсбури Парк во северниот дел на Лондон.Пешаците биле муслимани кои во тој момент излегувале од теравих намазот, заедничката молитва во џамија на муслиманите за време на месецот Рамазан.

Имамот на џамијата во Финсбури Парк изјавил дека возилото намерно влетало кон печаците муслимани и дека во нападот имало и загинати.

Полицијата привела едно лице а двајца побегнале од местото на настанот.

Засега не е познат идентитетот на приведеното лице.

Премирката на Британија Тереза Меј нападот го окарактеризира како страшен инцидент и им пожела брзо оздравување на настраданите.

Муслиманскиот совет на Британија соопшти дека инцидентот претставува терористички напад насочен кон верниците муслимани кои во тој момент излегувале од џамијата.

Очевидци изјавиле дека приведеното лице пред нападот извикувало „Ќе ги убијам муслиманите“.

 



Слични вести