Се зголеми бројот на загинатите во кулата Гренвел во Лондон

Здравствената состојба на 12 од 24 повредени во пожарот е сериозна

Се зголеми бројот на загинатите во кулата Гренвел во Лондон

Бројот на загинатите во 24 катната лондонска кула Гренвел се зголеми на 30 лица.

Полицијата соопшти дека здравствената состојба на 12 од 24 повредени во пожарот е сериозна.

Пожарот кој избувна минатата ноќ беше земен под контрола дури по неколку часа, поради што на почетокот беше објавено дека загинале 17 лица.

Според претпоставките, во кулата Гренвел на чии први четири ката се наоѓаат деловни простори, на останатите 20 ката живееле околу 400 до 600 лица.

Сеуште нема информации од некои жители на кулата.

Затоа се стравува да не се зголеми бројот на загинатите.



Слични вести