Блискиот исток низ призмата на Турција 23-2017

Терористичкиот напад во Манчестер

Блискиот исток низ призмата на Турција 23-2017

ДЕАШ ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Манчестер Арена, една од најголемите концертни сали во Европа. Во рамките на денешната емисија ќе направиме анализа на овој терористички напад и одразот на истиот врз регионот, вели авторот Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет:

Во бомбашкиот напад кој што се случи на излегувањето од концертот што се одржа во најголемата концертна сала Манчестер Арена на Европа со капацитет од 21 илјада публика во Англија, загинаа 22 лица. Во нападот во кој беа повредени 59 лица загинаа голем број деца и млади. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ. Терористите кои користат слични методи, продолжуваат да извршуваат слични напади по Блискиот Исток и низа различни места во светот. Сериозната димензија на нападот во Манчестер  предизвика државното раководство на Англија да преземе извонредни мерки и санкции. Моментално безбедноста претставува едно од приоритетните прашања на Англија. Истото важи за голем број европски земји. Една од првите задачи на новиот претседател на Франција Макрон беше продолжување на вонредната состојба во земјата до есен.

Во врска со нападот во Манчестер дојде до сериозна разузнавачка криза меѓу Англија и САД. Имено Англија ги сподели тајните информации со САД со кои се стекна за време на истрагата. Веднаш потоа истите информации беа објавени во американските медиуми. Оваа состојба предизвика голем револт во Англија. Владата на Англија соопшти дека во иднина нема да ги споделува разузнавачките информации. Интересно е што двете сојузнички земји имаат различен поглед и став во однос на прашањето.

Турција исто така како земја која што долги години води беспоштедна борба против тероризмот остро го осуди нападот во Манчестер. Во соопштението на министерството за надворешни работи на Турција беше истакнато следното: Турција остро го осудува терористичкиот напад во Манчестер во кој загинаа и беа повредени голем број млади. Во името на нашиот народ и државата која многу добро ја знае и чувствува тагата на овие подмолни напади на бесчувствителните луѓе и средини, на Обединетото Кралство и нејзините граѓаните им изразуваме најдлабоко сочувство. Ќе продолжиме да водиме решителна и беспоштедна борба рамо до рамо со нашиот сојузник Обединетото Кралство против сите оние средини кои го поттикнуваат тероризмот. Заедничкиот одговор ќе биде најдобар одговор на овој подмолен напад.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган исто така остро го осуди терористичкиот напад во Манчестер и рече дека ја споделува болката и тагата на Британија и британскиот народ. Како и сите земји во борбата против тероризмот така и Турција ќе биде на страната на Британија, подвлече претседателот Ердоган.

Терористичката организација ДЕАШ изгуби 83 насто од териториите кои ги контролираше во Ирак, 56 насто од териториите во Сирија. Исто така се забележува големо намалување на бројот на вооружените милитанти во редовите на ДЕАШ и економските извори и годишните приходи дури на половина. ДЕАШ покажува сериозен отпор во Мосул. Иако изгуби низа градови во Ирак кои се наоѓаа под нивна контролата, ДЕАШ и натаму продолжува со бомбашки напади во различни места на земјата. Рака се подготвува за нова градска герилска војна. Намалувањето на економските извори на ДЕАШ и слабеењето на способноста на пропагандата, не значи целосно уништување на оваа организација.

На списокот на ДЕАШ се наоѓаат сите оние лица и групи кои што се чувствуваат различно од заедниците во кои живеат во Европа, особено по зголемувањето на безбедносните политики и порастот на предрасудите кон муслиманите. Терористичката организација ДЕАШ има за цел да ги приклучи наведените групи во своите редови. Затоа може да се очекува да продолжат терористичките напади. Меѓудругото ДЕАШ планира да отвори нови простори за маневар и постигнување хегемонија особено во подрачјата во Ирак, Сирија и Блискиот Исток каде што е слаб авторитетот на државата и продолжуваат локалните непријателства. Затоа голема е веројатноста повторно да се врати кон герилска борба.

Иако контролата над Рака во Сирија и Мосул во Ирак беше преземена од ДЕАШ, не треба да се заборави дека ќе продолжат крвавите напади на терористите и приврзаниците на сличните терористички организации во различни места во светот.  Затоа е многу значајно да се постигне вистинска меѓународна солидарност и правилна стратегија во долгата борба против тероризмот. Кршењето на влијанието на терористичките организации како што е ДЕАШ е можно со совладување на нивните идеологии, охрабрување на идеите и иницијативите кои што ќе ги надминат терористичките методи како надеж, формирање политички поредок кој ќе обезбеди надеж за подобра иднина.

Денес САД и другите сојузнички земји во Сирија за жал спроведуваат погрешна стратегија. Имено САД ги зајакнува терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ против ДЕАШ. Подржувањето на една терористичка организација против друга терористичка организација претставува поигрување со оган. Во случај со овој начин и да се извојува победа против ДЕАШ, не треба да се занемари фактот дека може да дојде до формирање порадикална терористичка организација. Затоа, треба да се подржат легитимните актери кои ДЕАШ ќе можат да го победат не само на терен туку и духовно. Моментално прво најразумно решение претставува поддршката на Туркменците кои важат за најцелисходни актери на теренот. Впрочем Туркменците немаат никакви проблеми со демократијата, секуларизмот, модернизмот, западните вредности и гаат почитување кон сите етнички и верски субјекти во регионот. Во случај да се подржат Туркменците, тие ќе можат да ја уништат ДЕАШ и сите причини кои што предизвикаа да се формира оваа терористичка организација.

Тоа беше коментарот на авторот Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет



Слични вести