Меркел: Никој не ќе може да не спречи да ја заштитиме планетата Земја

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека одлуката na Доналд Трамп за повлекување од климатскиот договор нема да ги запре да ја штитат Земјата

Меркел: Никој не ќе може да не спречи да ја заштитиме планетата Земја

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека одлуката на претседателот Доналд Трамп дека САД ќе се повлечат од климатскиот договор во Париз, не може и нема да ги запре сите оние што чувствуваат обврска да ја заштититат планетата.

Меркел денеска се појави пред камерите и изјави дека објавата на Трамп во врска со одлуката е навистина за жалење и додаде: „Потребно е да погледнеме напред по синоќешната објава на американската администрација“.

Меркел подвлече дека Германија ќе ги здружи силите со другите земји поодлучно од кога било досега, за да се прифатат големите предизвици за човештвото, како што се климатските промени.

На крајот од изјавата таа додаде дека договорот од Париз треба да се одржи, и дека никој и ништо нема и не ќе може да ги спречи во тоа.



Слични вести