За 33 насто се зголеми бројот на терористите кои од конфликтните зони се вратија во земјите во ЕУ

Странските терористи кои што ќе сакаат да се вратат во Европа, во споредба со претходните се многу поопасни

За 33 насто се зголеми бројот на терористите кои од конфликтните зони се вратија во земјите во ЕУ

Претседателот на одделот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на ОН Жан-Пол Лаборд рече дека за 33 насто се зголеми бројот на терористите кои од конфликтните зони се вратија во земјите во ЕУ.

Во изјавата за печатот по средбата со претставниците на ЕУ, Лаборд рече дека годинава Европа ќе биде изложена на навала од терористи на ДЕАШ кои се поразени во Сирија и Ирак.

Странските терористи кои што ќе сакаат да се вратат во Европа, во споредба со претходните се многу поопасни рече Ломбард и потенцираше дека овие луѓе се многу порешителни, поискусни и поспособни.



Слични вести