Во Иран се одржуваат претседателски и локални избори

На изборите во Иран ќе гласаат 56 милиони регистрирани гласачи

Во Иран се одржуваат претседателски и локални избори

Почна гласањето на граѓаните на Иран кои гласаат во 130 илјади гласачки кутии во 63 илјади гласачки центри.

Претседателските избори се очекува да поминат меѓу кандидатот на реформистите и умерените конзервативци Хасан Рохани и кандидатот на конзервативците Ибрахим Реиси.

На изборите во Иран ќе гласаат 56 милиони регистрирани гласачи.

По започнувањето на гласањето во Иран, духовниот лидер Ајатолах Али Хамнеј упати повик до граѓаните да учествуваат на изборите како и значењето на

високиот одѕив.

Двајца од 6-те претседателски кандидати кои беа определени од страна на Советот на заштитници на Уставот на Иран се откажаа од трката.

Првиот потпретседател реформистичкиот кандидат Исхак Џихангири кој се повлече од трката изрази поддршка на претседателот Рохани, додека градоначалникот на Техеран и кандидат на конзервативците Бакир Галибоф кој исто така се повлече од трката му изрази поддршка на Реиси.



Слични вести