Трамп рече дека неговата екипа нема постигнато никаков таен договор со Русија

Треба да се фокусираме кон здравствените политики, политиките за вработување и воените инвестиции

Трамп рече дека неговата екипа нема постигнато никаков таен договор со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговата екипа нема постигнато никаков таен договор со Русија, додека именувањето специјален јавен обвинител за истражување на тврдењата за мешање на Русија во изборите во САД го оцени како обид за распарчување на земјата.

На едно прашање на прес конференцијата што ја одржа за време на средбата со претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос во Белата куќа, претседателот Трамп рече:

Имам респект кон прашањето, додека целото прашање личи на лов на вештици. Говорам во мое име и во име на кампањата. Не станува збор за никаков договор со Русите. Јас мислам дека ваквиот став ќе предизвика раздор во земјата. Како последица на овој и слични случувања гледам дека земјата е доста расцепкана. Верувајте ми дека нема никаков тане договор со Русија, рече Трамп.

Треба да ги напуштиме тврдењата и дискусиите во врска со сомневањата околу сомневањата на изборите и да се фокусираме кон здравствените политики, политиките за вработување и воените инвестиции, рече Трамп и потенцираше дека името на новиот шеф на Федералното истражно биро (ФБИ) ќе го објави за најкратко време.

Одлуката за именување специјален јавен обвинител за истражување на наведените тврдења Трамп преку профилот на Твитер исто така ја оцени за лов на вештерки. Трамп остро реагираше и на наведените тврдења дека од поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми барал да ја затвори истрагата во врска со тврдењата за вмешаноста на Русија во претседателските избори.

Во меѓувреме, според една информација која се објави во американските медиуми, Трамп за нов директор на ФБИ размислувал да го именува Џо Либерман, поранешен сенатор на Демократите.

Трамп го прифати тврдењето дека на врвот на списокот се наоѓа името на Либерман.



Слични вести