Русија остро реагираше на американското бомбардирање на конвојот на сирискиот режим

Секоја воена акција која ќе предизвика пораст на напнатоста во Сирија

Русија остро реагираше на американското бомбардирање на конвојот на сирискиот режим

Русија остро реагираше на американското бомбардирање на конвојот на сирискиот режим

Рускиот заменик министер за надворешно работи Генади Гатилов рече дека е неприфатливо бомбардирањето на американските авиони на конвојот на конвојот подржан од силите на сирискиот режим во околината на Ал Танф на југот на Сирија.

Овој чин претставува прекршување на правото на сувереност а Сирија и политичкиот процес низ кој поминува земјата, рече Гатливо.

Секоја воена акција која ќе предизвика пораст на напнатоста во Сирија исто така се одразува и врз политичкиот тек на Сирија, рече Гатилов и потенцираше:

Моментално во Сирија најзначајно е да се намалат тензиите и да се имплементираат одредбите на консензусот кој беше потпишан во Астана. Бидејќи самото спроведување на одредбите ќе одигра голема улога во напредувањето на политичкиот процес.

Во соопштението кое беше објавено од страна на коалицијата против ДЕАШ предводена од САД беше истакнато дека американски авиони го бомбардираа конвојот подржан од силите на сирискиот режим јужно од Ал Танф на југот на Сирија.



Слични вести